Дефанзивец на Баерн Минхен си најде нов клуб!?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Бразилските медиуми пишуваат дека искусниот десен бек на Баерн, Рафиња во јули ќе ги засили редовите на Фламенго.

    Веќе некое време е познато дека 33-годишниот Бразилец ќе ги напушти редовите на Баерн Минхен на лето, по завршување на соработка.

    Сега е познато и каде ќе ја продолжи кариерата, односно договорил двегодишна соработка со Фламенго. Рафиња е во Европа од 2005 година, а дресот на Баварците го брани од 2011 година.

    Тој ќе биде петто засилување за Фламенго во тековната година, откако претходно во клубот се преселија Родриго Кај, Араскает, Бруно Енрике и Габигол, кој е на позајмица од Интер, но не е познато дали ќе се врати во италијанскиот клуб.