„Дејли Мејл“: Шумахер повеќе не е „закован“ за кревет, почнати се терапии за рехабилитација! (ФОТО)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


За десетина дена ќе се одбележат пет години од страшната несреќа, која легендарниот Михаел Шумахер ја доживеа на скијање во Франција. Од тогаш Шумахер е недостапен за јавноста и малку информации имаше за неговата состојба.

Семејството на Шумахер реши по несреќата да го сокрие легендарнито возач во Формула 1 од очите на јавноста, зашто е јасно дека тој никогаш повеќе нема да биде стариот, а неколку години беше „закован“ за кревет.

Меѓутоа, во последно време почнаа да се појавуваат информации дека Шумахер се чувствува многу подобро, па дека напредува од ден во ден. Уште нема никакви официјални информации за тоа како Шумахер се чувствува, но „Дејли Мејл“ утрово ја воодушеви јавноста со информацијата дека возачот повеќе не е во кревет.

На 29 декември ќе поминат пет години од несреќата, а наводно Шумахер се чувствува многу подобро, но не е достапен за јавноста. Се наоѓаат во вила, која чини 50 милиони евра, а наводно секоја недела троши 50.000 фунти на негово лекување.

Вилата се наоѓа на езерото Женева, каде што владее пријатна атмосфера и голема тишина, а смеат да го посетуваат само членови на семејството, на кои ќе им дозволи неговата сопруга.