Започнаа возбудувањата во Формула 1: Валтери Ботас извози маестрална трка и дојде до првата победа од 2017 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн и официјално започнаа возбудувањата во Формула 1 шампионатот.

Победата на трката за Големата Награда на Австралија ја однесе возачот на Мерцдес, Валтери Ботас кој на почетокот  тргна од втората позиција.

Не му требаше многу на Финецот да го претекне својот тимски колега Луис Хамилтон кој на крајот заврши како второпласиран со 20 секунди заостанување зад победникот. Подиумот го комплетираше Макс Ферстапен кој исто така извози феноменална трка.

Четвртата и петтата позиција ги комплетираа пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Чарл Леклерк. Германецот возеше трка за заборав, додека младиот Леклерк уште во првиот официјален настап за Ферари стигна до највисокиот пласман во кариерата.

Во бодови влегоа уште Магнусен, Хулкенберк, Раиконен, Строл и Квјат, а дополнителниот еден бод за најбрз круг на трката му припадна на победникот, Валтери Ботас.

Роберт Кубица во своето враќање во Формула 1 по цели осум години заврши на последната 17. позиција. Трката не ја завршија Роман Грожан, Даниел Рикиардо и Карлос Сајнц Јуниор.

Следната трка на програмата е на 31. март кога ќе се вози Големата Награда на Бахреин.