Клоп ЗБЕСНА: Такви глупости, само Вие може да прашате…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп нервозно реагираше на прашањето на новинар, дали ќе мора да купи стопер, со оглед на повредите кои се застапени во клубот?

„Тоа само вие може да го прашање, тоа е глупост. Имаме четири стопери, два и пол имаат повреди“, алудираше на изостаноците на Гомез и Матип, повредата на Ловрен против Вулверхемптон, остана само Ван Дајк, но и тој е уморен.

Споменуван е Тараковски од Барнли како решение, но Дајш не сака да се откаже од репрезентативецот на Англија, бара 60 милиони, само за да го избрка Ливерпул.

Клоп против Вулверхемптон играше со Фабињо и 16-годишниот Ховеро во одбрната, „Црвените“ се елиминирани, а многумина го обвинуваат Германецот дека се избламирал со непочитување на ова натпреварување.

Како и да е, Клоп вели дека така не се доведуваат играчи.

„Мораме да смислиме нешто, имаме четири стопери, нема да купите никого за два или три меча и после да му кажете, е во ред, сега се вратија повредените играчи“, додаде германскиот стратег.

Против Брајтон во првенството, Ван Дајк ќе биде во тимот, а тандем ќе му биде Фабињо бидејќи друг стопер нема…