Клоп објасни зошто Мане игра фантастично, а Салах – катастрофално!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане во последните два месеци едноставно експлодираше. Сенегалецот на последните 11 натпревари постигна 11 голови во сите натпреварувања и благодарение на неговите погодоци Ливерпул се бори за титулата.

Од друга страна, Мохамед Салах се наоѓа во голема криза, па во следните седум натпревари не постигна ниту еден гол, па репрезентативната пауза добро ќе му дојде да се одмори и да се обиде во наредните натпревари да го прекине голгетерскиот пост.

Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп кажа дека Мане не прави ништо посебно за време на својата неверојатна форма во која често беше стрелец, па го поддржа Салах и кажа дека Египќанецот може да се врати во форма.

„Мане влезе во добра форма. Тој играше речиси на секој меч, но секогаш е на вистинско место во точно време. Единствено што прави е токму тоа, постигнување на голови“, кажа Клоп.