Навивач ептен се опијанил, па заминал во Минхен за да го гледа Ливерпул!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем навивач на Ливерпул преку ноќ стана ѕвезда во Германија и тоа поради голема глупост која ја направил пред почетокот на првиот дуел меѓу англискиот гигант и Баерн Минхен.

Ливерпул и Баерн завчера на „Енфилд“ одиграа 0-0, а навивачот Пол решил да го следи мечот во некој од локалите во Минхен. А причината за таквото нешто е неверојатна. Тој мислел дека првиот дуел се игра во Германија, а не во Ливерпул.

„За празниците пиев малку повеќе пиво и таков купив влезници за првиот меч. Бев убеден дека се игра во Минхен, па така си резервирав лет за Германија. Доцна се сетив дека првиот меч се игра во Ливерпул“, вели Пол за германските медиуми.

Реваншот се игра на 13 март во Минхен, а Пол најверојатно нема по вторпат да згреши и да го пропушти мечот на омилениот тим.