Навивач на Челси го провоцираше Матиќ, но Србинот го „изгоре“ со коментар (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Немања Матиќ е во центар на внимание поради активноста на социјалните мрежи.

За Матиќ зборува фудбалската јавност во Англија, откако се огласи во Инстаграм. Еден навивач на Челси се обиде да го испровоцира поранешниот играч на „сините“, но одговорот на Србинот беше генијален.

Навивачот постави слика со Матиќ и титулата од Премиерлигата, па напиша – „Кога знаеш дека ова ти е последна титула“.

Сепак, Матиќ му одговори – „Кого извлековте во Лигата на шампиони?“.

Да потсетиме, Челси не игра во Лигата на шампиони сезонава, па Матиќ го „пецна“ поранешниот навивач.