„На Ливерпул му недостига играч како Џерард“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гарсија мисли дека Клоп има многу талентиран тим, но дека му недостига играч како Џерард.

Гарсија беше член на Ливерпул кој ја освои ЛШ по незаборавното финале со Милан, а тој изјави дека на Ливерпул му е потребен нов лидер на тимот.

„На Ливерпул му недостигаат играчи како Џерард и Карагер или Кени Далглиш во минатото.“

„Повеќе нема такви лидери на теренот. Имаме фантастични таленти како Кутињо, Фирмињо, Лалана или Стариџ, тие се големи таленти.“

„Не бев во нивната соблекувална, но сигурен сум дека некој како Џерард фантастично би се вклопил во тимот. Тој би го водел тимот кога работите нема да одат најдобро.“

Тој смета дека за Ливерпул во овој момент најважно е да заврши помеѓу најдобрите 4 тимови во Англија.

„Ако Ливерпул се квалификува за ЛШ, сигурен сум дека најдобрите играчи ќе останат. Сепак ова е посебен клуб. Да се игра во ЛШ со Ливерпул е нешто посебно.“