Неверојатна трка во Хокенхајм, Фетел се заби во оградата и му дозволи на Хамилтон да дојде до нова победа (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Германија возена на патеката во Хокенхајм.

Трката понуди многу возбудувања, а Британецот стигна до победа иако стартуваше од 14. позиција. Хамилтон најдобро се снајде на дождот во Германија, додека губитник на денот е Себастијан Фетел кој беше лидер на трката се додека не се заби во оградата на десетина круга до крајот.

Втор целта ја помина Валтери Ботас, додека третото место му припадна на Кими Раиконен. Во бодови уште завршија и Верстапен, Хулкенберг, Грожан, Перез, Очон, Ериксон и Хартли.

Со оваа победа Хамилтон се врати на врвот во генералниот пласман и сега има 188 бодови, 17 повеќе од Фетел.