Ноер прослави голем јубилеј и стана рекордер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер вечно ќе го памети натпреварот против ХСВ.

Освен што неговиот клуб победи со 8:0, Ноер овој натпревар ќе го памети и по тоа што стигна до 100-от натпревар во кој не примил гол. Неверојатно делува податокот дека Ноер тоа успеа да го направи по само 183 натпревари, а со тоа стана рекордер.

Досега рекордер беше Оливер Рек, кој до 100 натпревари без примен гол стигна по 232 натпревари додека на Ноер му требаа дури 49 помалку.