Портланд ја плати победата против Бруклин со – тешка повреда на Нуркиќ! (ВИДЕО)


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Портланд Трејл блејзерс синоќа со 148-144 по две продолженија го совлада Бруклин нетс на свој терен, но резултатот остана во сенка затоа што се повреди Јусуф Нуркиќ.

    На 2.22 до крајот на второто продолжение, Нуркиќ заработи страшна повреда. Тој се обиде да го исправи промашувањето на својата екипа, но незгодно скокна и заврши на паркетот.

    Веднаш стана јасно дека станува збор за тешка повреда, односно скршеница на левата нога. Нуркиќ набрзо беше изнесен од теренот, а домашната публика во тие моменти го скандираа неговото име во знак на поддршка.

    Засега нема информација колку ќе паузира Нуркиќ, но сигурно нема за брзо да се врати на паркетот, зашто ова е навистина тешка повреда.