Пријател на Шумахер ја откри неговата здравствена состојба!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поранешниот шеф на Ферари и најдобар пријател на Михаел Шумахер, Жан Тод, откри дека состојбата на славниот возач е многу подобра.

Шумахер денеска го слави 50. роденден и затоа неговата сопруга се огласи во јавност, но не откри повеќе детали во каква состојба се наоѓа легендарниот возач во Формула 1, по несреќата која ја доживеа пред пет години.

Меѓутоа, зборовите на неговиот пријател ги воодушевија фановите. Тод призна дека кај Шумахер неодамна ја гледал трката за Големата награда на Бразил, а сигурно тоа не би се случило доколку Шумахер е приклучен на апарати.

„Со него гледав многу трки пред и по несреќата“, кажа Тод.

По повод неговиот роденден, многу возачи испратија пораки со поддршка за Шумахер.

„Тој беше мој учител. Заедничкото врее во Ферари за мене беше фантастично искуство“, вели Маса.

Исто така, Луис Хамилтон призна дека го смета Шумахер за најголем во историјата, а Фетел кажа дека му недостигаат неговите совети.