Реал на чекор до рекордот на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е воодушевен што неговиот тим има шанса да го стигне рекордот на Барселона од 39 натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Реал моментално има 38, а рекордот може да го израмнат во сабота, кога играат против Гранада.

„Израмнување на тој рекорд ни е најважно. Се обидуваме да уживаме во тоа што го работиме.“

„Земајќи го во предвид и начинот на кој се подготвуваме и трудот кој го вложуваме, се надевам дека може да продолжиме со победите.“

Последниот пораз Реал го доживеа во ¼-финале во ЛШ од Волфбсург.

Токму Реал ја прекина серијата на Барселона од 39 натпревари без пораз и тоа со победа од 2:1 на „Ноу Камп“.