Србите во шок: Матиќ добил закана од главниот судија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите српски фудбалери, Немања Матиќ, имаше што да каже по неверојатниот пораз од Швајцарија (2-1).

Матиќ беше искрен и кажа дека неговата екипа не играла добро во финишот на натпреварот, а потоа го критикуваше главниот судија Феликс Брих, кој ја оштети Србија.

„На сите ни е жал што на крајот испадна вака и го загубивме натпреварот. Се потрудивме, но головите ги примивме наивно. Ја имавме победата во свои раце, но не успеавме да ја задржиме“, вели Матиќ.

Потоа играчот на Манчестер јунајтед жестоко го критикуваше главниот судија.

„Судијата беше катастрофален. Секоја топка им ја даваше на нив. Два или три аути на нивната половина припаднаа на Швајцарците, на нас не ни беше досуден чист пенал. Барем да погледнеше на ВАР-системот, но не знам дали му јавија да погледне“, објаснува Србинот.

Сепак, Србинот откри дека добил „закана“ од судијата, кој му кажал дека има уште еден прекршок да направи.

„Јас добив жолт картон во првото полувреме, па не можевме во продолжението да бидеме агресивни во средината на теренот. Во второто полувреме судијата ми кажа дека имам уште една шанса да направам прекршок и ќе ми даде црвен картон“, вели Матиќ.