Телефонот му го „зеде умот“: Пике се „заби“ во ретровизорот на автобусот (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона пристигнаа во Милано за средбата со Интер во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите.

При пристигнувањето на Каталонците, најголемото внимание го предизвика Џерард Пике кој загледан во телефонот се удри во ретровизорот на тимскиот автобус.

На социјалните мрежи веднаш можеше да се прочитаат досетливи коментари што гледал Пике на својот телефон. Едни пишуваа дека ги гледа спотовите на неговата сопруга, Шакира, како мотив пред натпреварот, други дека постојано ја прегледува снимката од головите против Реал Мадрид….