Челси и Манчестер Јунајтед конечно се договорија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е блиску до трансферот на Немања Матиќ од Челси откако клубовите конечно постигнаа договор за Србинот.

Договорот ќе биде комплетиран во следните неколку денови откако Јувентус и дефинитивно се откажа од намерите да го обезбеди потписот на Матиќ.

Челси им даваше предност на Италијанците меѓутоа од Јувентус се насочиле кон Блаз Матуиди и Стивен Нзонзи.

Се очекува трансферот на Немања Матиќ на „Олд Трафорд“ да изнесува околу 40 милиони фунти.