Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Тотенхем славеше убедлива победа од 3:0 против лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Во првиот дел не видовме голови, а гостинскиот тим имаше повеќе удари кон голот на Тотенхем.
Сепак, во вториот дел избраниците на Маурисио Покетино „притиснаа на гаста“ и успеаја да постигнат три погодоци.
Најпрво Хеунг Мин Сон го отвори резултатот во 47. минута кога одлично се снајде во шеснаесетникот на „милионерите“.
На вториот гол се чекаше до самиот финиш на натпреварот односно до 83. минута кога Јан Вертонген на сличен начин како Сон го совлада Бурки. Само три минути подоцна Љоренте го постави конечниот резултат од 3:0.
Во пресрет на реваншот на „Сигнал Идуна Парк“ Тотенхем ќе има огромна предност од три погодоци, па избраниците на Фавре ќе имаат пеколно тешка задача за пласман во четвртфиналето.