Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул синоќа на гостувањето на „Сент Мери“ успеаа да слават со 3-1 во меч од 33. коло во Премиерлигата, па така се вратија на врвот на табелата.
„Црвените“ со триумфот го скокнаа Манчестер сити, кој има два бода помалку, но и одиграно еден меч помалку. Ливерпул не играше најдобро до самиот финиш, но сепак освоија важни три бода.
Меѓутоа, по мечот на социјалните мрежи главна тема беше судењето, а навивачите сметаат дека првиот гол на Ливерпул бил од офсајд, поточно на стартот на акцијата Мохамед Салах бил во недозволена позиција.
Ова не е првпат „црвените“ да добијат критики поради офсајд. Претходно во сезонава имаше неколку одлуки на судиите во корист на Ливерпул, а тоа беа пенали изнудени со лажирање ли очигледни офсајди.
На тие натпревари се докажа колку е потребна ВАР-технологијата во Премиерлигата, а од наредната сезона тој ќе биде дел во една од најсилните лиги во светот.