Баерн Минхен со „петарда“ ги испрати „милионерите“ назад во Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен одигра фуриозен меч на „Алијанц Арена“ против Борусија Дортмунд, па го декласираше единствениот ривал за титулата во Бундеслигата со 5-0 и се врати на врвот на табелата.

Баварците во десетата минута од мечот стигнаа до водство од 1-0 преку Матс Хумелс, а Роберт Левандовски погоди за 2-0 во 17. минута.

Во продолжение од првото полувреме, во листата на стрелци се запишаа и Хави Мартинез во 41. минута, а Серж Гнабри ги „нокаутираше“ гостите во 43. минута и погоди за 4-0.

„Милионерите“ продолжија со очајната игра и во вториот дел од средбата, па речиси и да не се заканија кон голот на домаќините, а конечните 5-0 ги постави нивниот поранешен фудбалер Левандовски во 89. минута.

Баерн Минхен е лидер со 64 бодови на табелата, а Дортмунд е зад нив со еден бод помалку по 28 одиграни кола во германскиот шампионат.