Шок за Клоп и Ливерпул: Без најдобриот играч против Барселона?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул оваа сезона се бори за два трофеи кои долго време не завршиле во нивните витрини, па свесни се дека сите играчи им се подеднакво потребни пред најголемите сезонски предизвици.

Меѓутоа, на тренингот кој се одржал денес, еден од најдобрите играчи во редовите на Ливерпул, Мохамед Салах претрпел повреда.

Иако се уште нема официјална потврда за сериозноста на повредата, во Ливерпул се свесни дека Салах би можел да го пропушти натпреварот на „Камп Ноу“ кој ќе се игра во среда.

Мо Салах и оваа година е еден од предводниците на тимот на Ливерпул кој од година во година се повеќе ја подигнува формата.