Мане со изјава која ќе ги налути фановите на Ливерпул: Би го менувал трофејот во Лигата на шампионите за…

Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане во моментов се наоѓа со репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нациите.

Сенегал вчера во првиот натпревар ја победи Танзанија со 2:0, а стрелци на головите беа Кеита Балде и Крепин Диате. Репрезентацијата во која играат многу ѕвезди како Мане, Кулибали, Кеита Балде..е еден од фаворитите за освојување на првенството оваа година.

Одличниот фудбалер на Ливерпул истакна дека е подготвен да го менува трофејот во Лигата на шампионите за тој од Африканскиот куп на нациите.

„На нас е да направиме нешто големо. Секако дека сме меѓу фаворитите, не можеме да се криеме од тоа. Но самото размислување не е доволно за да одите до крајот. Победа со мојата земја, која никогаш не го освоила Африканскиот куп на нациите би била величенствена. Дури сум подготвен и да го заменам трофејот од Лигата на шампионите за да го освојам Африканскиот Куп на нациите. Враќањето во Дакар би било неверојатно. Ова е мојот најголем и најлуд сон“ –истакна Мане.