Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар вчера славеше против Порто со 32-27 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Португалскиот тим можеби не звучеше примамливо и атрактивно, но и тоа како покажа карактер, па храбро се бореше во текот на целиот натпревар.
Мора да бидеме искрени и да признаеме дека Порто на моменти играше и подобро од Вардар, но токму епитетот „европски шампион“ го оправдаа „црвено-црните“ на теренот, но дефинитивно не и во публиката.
Порто не е Барселона, не е ниту некое друго звучно име, но беше доволен тест за тоа дали Вардар во секој меч ќе ја добие поддршката, која ја заслужува.
Спортскиот центар „Јане Сандански“ против португалскиот клуб беше полупразен, иако цената на влезницата за мечот беше и повеќе од достапна, но поради токму поради причината дека не е атрактивен противникот, недостигаше поддршка од трибините.
Вардарци лани храбро се бореа на Ф4 во елитното натпреварување, а потоа ја освоија европската титула, иако се соочуваа со ненормални проблеми, односно финансиски, зашто ракометарите немаа плата земено со месеци.
Во секој случај, тоа што било – веќе поминале, навивачите не треба да паѓаат повеќе на тестови, затоа ајде сите да ја наполниме „Јане Сандански“ утре (вторник) од 20.45 за мечот против Нексе, кој исто така можеби не е квалитетен противник, но и покрај тоа „црвено-црните“ заслужуваат голема поддршка од трибините, посебно младите ракометари кои најверојатно ќе добијат шанса, затоа што нели за ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН Вардар навиваме? Епа ајде да го оправдаме тоа!