Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар успеа да слави во Лигата на шампиони и така ја запиша третата победа во групната фаза. Најнова жртва на „црвено-црните“ од Скопје беше Мотор Запорожје во Украина со 31-30.
Вардарци се мачеа во текот на целиот натпревар против Украинците, кои и тоа како знаеја да одговорат на нападите на европскиот првак.
Сепак, Украинците имаат зошто да жалат бидејќи имаа неколку гола предност, а во финишот од мечот го испуштија водството и му дозволија на Вардар да стигне до победата.
Најдобри во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров со десет погодоци и Даинис Криштопанс со седум гола.
Вардар е првопласиран во групата Б со шест бода по три одиграни кола, а второпласиран е Кил, кој гостува во Скопје на 12 октомври.