Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Вардар го претрпе можеби најтешкиот пораз во својата понова историја, а дефинитивно го одигра најлошото прво полувреме на денешниот натпревар против Кил.
Гостите од Германија играа како по ноти и првите 30. минути ги добија со неверојатни 16:4. Избраниците на Јиха беа феноменални во сите сегменти, додека вардарци не ги користеа приликите. Дибиров, Криштопанс, Чупиќ, Дисингер и останатите промашуваа и од невозможни позиции и немаа решение за одличниот Ландин.
На почетокот на вториот дел Вардар заигра подобро, а во „Јане Сандански“ се играше гол за гол. Кон средината на второто полувреме Вардар успеа да дојде и до пет гола негатива, но потоа Кил повторно додаде на гаста па до крајот ги врати убедливите 11 голови позитива.
Одличен на голот на Кил беше Никлас Ландин кој собра 14 одбрани, додека по шест голови постигнаа Пекелер и Дувњак. Кај Вардар најпрецизен беше Тимур Дибиров кој постигна пет голови.
Вреди да се напомене и дека гледалиштето во „Јане Сандански“ не престана да го бодри Вардар во текот на сите 60. минути иако „црвено црните“ имаа значителна резултатска негатива.