„Дон Балон“: Ливерпул се „тресе“ од страв, Реал Мадрид дава 110 милиони евра за нов „галактикос“


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    „Дон Балон“ денеска објави дека Реал Мадрид е подготвен да испрати понуда од 110 милиони евра за дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.

    Фудбалерот на „црвените“ е во конкуренција за најдобар играч во светот, а неколку години важи за најдобар дефанзивец, па поради тоа „кралевите“ го посакуваат во свои редови.

    Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез сака уште еден „галактикос“, меѓутоа Ливерпул сега е во подобра ситуација, отколку кога ги продаваа најдобрите ѕвезди како Луис Суарез, Филипе Кутињо, Чаби Алонсо и Фернандо Торес.

    Англискиот гигант е актуелен шампион на Европа, па во моментов се првопласирани во Премиерлигата и тоа значи дека не мора да ги продаваат своите фудбалери.