Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Вардар испушти шанса да победи во одличната атмосфера во „Јане Сандански“ против тимот на Кјелце.
Избраницит ена Едуард Кокшаров во поголем дел од натпреварот беа во резултатска позитива,меѓутоа на крај попуштија, па им дозволија на гостите од Полска да дојдат до водство.
Сепак, и покрај тоа Вардар се врати во позитива, имаше и два напади за победа меѓутоа не ги искористи, па на семафорот на крајот резултатот гласеше 28:28.
Прв стрелец кај вардарци беше Сташ Скубе кој постигна седум гола, додека Чупиќ постигна еден помалку. Кај гостите седум гола постигна Блаж Јанц. Уште една не толку добра партија имаше голманскиот двоец на Вардар, Гедбан- Кугис кој заедно не успеа да собере двоен број на интервенции.