Македонија носена од одличниот Костески го совлада Кувајт

Подмладената репрезентација на Македонија со победа ги стартуваше подготовките за Европското првенство што ќе се одржи на почетокот од 2020 година.

Нашата репрезентација славешепобеда против Кувајт со 27:24 во првиот од двата меѓусебни натпревари со оваа репрезентација кои се играат во соседна Србија.

Играчот на ППД Загреб, Ненад Костески постигна осум погодоци, а по четири постигнаа Маркоски и Велкоски. Одличен меѓу стативите беше и младиот голман, Марко Кизиќ кој запиша 15 одбрани.

Следниот натпревар против Кувајт е утре во 19:00 часот, а потоа ќе следи и „Трофеј Карпати“ каде Македонија ќе игра против Алжир и Холандија или Романија.