Вардар се предаде во последните десет минути и доживеа нов голем пораз од Кил


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Екипата на Вардар претрпе убедлив пораз од 34:23 на гостувањето во Германија кај тимот на Кил.

Вардарци добро го започнаа натпреварот, но потоа домашниот тим се одлепи, па на пауза замина со четири голови предност.

Во вториот дел се одржуваше предноста од четири до шест погодоци за тимот на Кил кој во последните десет минути со серија од 5-0 го дотолчи актуелниот европски шампион.

Вардар не ги користеше своите шанси и му даде можност на Кил да погоди дури десет пати од контра напади. Голманите на овој натпревар повторно беа лоши затоа што имаа 17% успешност, а уште еден натпревар за заборав одигра Дибиров кој постигна четири погодоци од десет обиди.

Најефикасен на теренот беше Екберг од Кил со осум погодоци, додека кај Вардар најпрецизен беше Криштопанс кој натрпеварот го заврши со шест гола.