Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер верува дека УЕФА се надева дека Реал Мадрид ќе го елиминира Манчестер сити од Лигата на шампиони.
Сити во петокот доби лоши вести од УЕФА, зашто ќе мора да паузираат две сезони од елитното натпреварување поради кршење на Финансискиот фер-плеј.
„Не можам да верувам дека Сити во моментов е во трка за трофејот во ЛШ. Не го кажувам тоа како навивач на Ливерпул, но што ако Сити ја освои ЛШ сезонава? Тие се фаворити за трофејот. Тие се еден од најдобрите тимови. Замислете како би се чувствувале членовите на УЕФА? Прво нешто што би рекол Гвардиола е: Дали ова беше лажна победа?“, вели Карагер.