Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике изјави дека еден ден би можел да се врати на „Камп Ноу“.
Енрике ја водеше Барселона од 2014 до 2017 година и во тој период освои неколку важни трофеи во клубот вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Стратегот во моментов седи на клупата на репрезентацијата на Шпанија, меѓутоа јасно е дека негова намера е во иднина да седне повторно на клупата на некој клуб.
„Мислам дека повторно можам да бидам тренер во сите клубови во кои бев, секаде си ги оставив отворени вратите. Моето време во Барселона беше прекрасно и секогаш ќе бидам блаогдарен на приликата која ја добив. Имав среќа да поминам толку години во клубот кој ми даде се“ –изјави Енрике.