Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
УЕФА пред две недели донесе одлука да се одложи играњето на Европското првенство за следното лето за да може да се завршат клупските натпреварувања.
Пандемијата на коронавирусот направи хаос во цела Европа, па беа прекинати речиси сите натпреварувања. Клубовите бараа одложување на Евро 2020 за да може сезоната да заврши, а тоа на крајот го прифати и УЕФА.
Меѓутоа, засега нема шпекулации кога сезоната би можела да продолжи затоа што пандемијата на вирусот и понатаму трае. Клубовите се надеваат дека во мај би можеле да продолжат првенствата, но тоа засега не е потврдено.
Првичниот план беше сите клупски натпреварувања да се завршат до крајот на шестиот месец, но сега е веќе јасно дека такво нешто не е можно. Во УЕФА се плашат дека натпреварите би можеле да се играат цело лето, а тоа може да наштети на следната сезона.
УЕФА на клубовите им даде наредба да ги завршат сите натпревари од сезонава до крајот на август, за да добијат малку август, а потоа да почнат со новата сезона.