Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Мануел Нојер сака нов, долгорочен договор од Баерн Минхен кој би го задржил во клубот до 2025 година.
После тоа искусниот голман би ставил крај на богатата кариера во која освои многу титули. Последниве години се мачи со повреди и токму тоа е причината што од Баерн не се подготвени да му излезат во пресрет.
Од клубот му нудат само двегодишен договор, наспроти петгодишниот кој го бара искусниот голман. Доколку не се дојде до договор, се верува дека Нојер преку неговиот агент ќе притиска за траснфер во редовите на Челси.















