Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жером Боатенг веќе некое време е на излезната врата на Баерн и се чини дека претстојниот трансфер рок е вистинското време да си замине.
Се чини дека Боатенг чека враќање во Англија каде претходно играше за Манчестер Сити. Овој пат, дестинација треба да биде Лондон.
31-годишниот стопер, кој е во пад на формата, е интересен за градските ривали Челси и Арсенал. Тимови на кои дефинитивно им треба освежување во одбраната.
На поранешниот германски репрезентативец му истекува договорот со Баерн во летото 2021. година. Засега нема намери за продолжување на соработката и за тоа ќе се обидат лондонските клубови.
Патем, Боатенг минатата недела го прекрши правилото за карантин. Тој отиде да го посети својот болен син без дозвола, направи сообраќајна несреќа и на крајот заработи опомена и парична казна.