Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската ракометна федерација (ЕХФ) се реши на навистина ригорозни одлуки по кои се чини дека македонскиот ракомете најголем губитник.
Поради пандемијата од коронавирусот од ЕХФ донесоа одлука да нема бараж натпревари за Светското првенство кое во 2021 е закажано во Египет. Така, Македонија нема да може да ги одмери силите против Франција и нема да учествува на следниот Мундијал.
Тоа е така затоа што ЕХФ одлучи најдобрите 14 селекции од последното Европско првенство да обезбедат директен пласман на Светското првенство во Каиро. Бидејќи Македонија заврши на 15. позиција сега ќе чека евентуална вајлд-карта со која би можела да се натпреварува на овој собир.
За потсетување нашата репрезентација нема пропуштено едно големо натпреварување уште од 2011 година.
Европскиот клупски владетел Вардар нема да има можност да ја брани титулата во Лигата на шампионите затоа што ЕХФ ги одложи елиминационите натпревари и ги одреди четирите тима кои директно ќе играат на Ф4 турнирот во Келн.
Првопласираните две екипи од групите, Барселона, Кил, ПСЖ и Веспрем ќе се соочат на Ф4 турнирот во Келн. Ова секако е удар за Вардар кој сигурно немаше да се предаде и покрај проблемите кои го снајдоа оваа сезона.