Вардар пред точно една година ја освои титулата во ЛШ! (ВИДЕО)

Мина точно една година, откако ракометарите на Вардар го кренаа вториот трофеј од Лигата на шампиони (ЛШ), по нивниот триумф вофиналето против Веспрем со 27-24.

„Црвено-црните“ не беа фаворити за титулата поради тешката финансиска состојба која владееше во тимот, но срцето на терен и желбата за победа на крајот беа посилни.

Вардар сезонава нема да има шанса да ја брани титулата, иако требаше да игра во нокаут-фазата од ЛШ бидејќи ЕХФ го прекина натпреварувањето поради пандемијата и соопшти дека ќе се игра само фајнлфор на 28 и 29 декември.

Сепак, како мала „утеха“ е тоа што Вардар ќе остане шампион уште шест месеци до големото финале во елитното натпреварување.