Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на македонскиот шампион Вардар, Филип Гачевски по пет години заминува од екпата, откако не се договори со управата да остане во тимот.
Гачевски жали затоа што дошол овој момент, но по пет години сепак мора да го напушти Вардар.
„За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ. Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност. Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!!
Еден живот – една љубов“, напиша Гачевски на Фејсбук.