Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа фудбалерите на ПСЖ остварија победа од 3:0 против Лајпциг во полуфиналето на Лигата на шампионите, а со тоа и се пласираа во финалето на ова натпреварување.
По натпреварот, овој потег на Нејмар ги заплаши сите затоа што мислеа дека нема да може да настапи во финалето на ова натпреварување.
Имено, УЕФА даде препораки дека дресовите со противничките играчи не треба да се менуваат по натпреварите, а се претпоставуваше дека тоа би значело суспензија за еден натпревар.
Нејмар синоќа го смени дресот со Марсел Халстенберг, а навивачите на ПСЖ беа загрижени, но Бразилецот знаеше што прави.
Загриженоста е тука без причина, бидејќи УЕФА даде само препорака за тоа, а тоа не беше наредба и нема казна за тоа што го направи Нејмар.
Сигурно е дека ќе се опуштат навивачите на ПСЖ, бидејќи еден од нивните најдобри играчи ќе може да игра во финалето на Лигата на шампионите.