Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар ќе игра за шестата титула во СЕХА-лигата, откако во полуфиналето славеше против ППД Загреб, и тоа по шутирање пенали. Голманот Борко Ристовски се покажа во пенал-рулетот и на крајот Вардар славеше со 30-29.
Вардар не играше во препознатлив стил, па се соочуваше со елиминација од натпреварувањето. Тие на полувремето имаа негатива од 13-16, а во еден момент Загреб водеше и со 24-18. Сепак, „црвено-црните“ на крајот извојуваа важна победа.
Во финалето ќе се соочат со Веспрем, кој денеска го реши Мешков Брест во полуфинале.