„Забраната за интимни односи во Токио е смешна, тоа нема да функционира!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешната атлетичарка од Германија, Сузан Титке, која двапати учествуваше на Олимписките игри откри дека секогаш имало интимни односи и алкохол во олимпиското село, а тоа организаторите не можат да го спречат.

Титке учествуваше на игрите во 1992 година, а тогаш го запозна поранешниот сопруг Џои Грин, а потоа беше дел и од Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година.

Уште од 1998 година и Зимските олимписки игри, организаторите се обидуваат во Олимпиското село да има доволно перзервативи за учесниците. Меѓутоа, тоа нема да биде случај и сега во Токио.

„Забраната е смешна, тоа нема да функционира, интимните односи од секогаш биле проблем во Олимпиското село. Спортистите се на врвот на физичката форма, а кога ќе завршат со натпреварувањето, сите сакаат да се ослободат од таа енергија. Тоа е забава, а постои и алкохол, па се случува некои да завршат во кревет“, вели поранешната атлетичарка.