Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку покажал желба да се пресели во Челси, откако премиерлигашот тргна по офанзива по белгискиот напаѓач.
Се очекува во следните денови трансферот да биде комплетиран за околу 130 милиони евра, а Белгиецот ќе добие плата од 12 милиони евра по сезона плус бонуси.
Белгискиот напаѓач разговарал со раководството на италијанскиот шампион и јасно им кажал дека сака да замине кај освојувачот на Лигата на шампиони.
Лукаку за Челси играше три сезони, и тоа во период од 2011 до 2014 година, а зад Белгиецот е одлична сезона во која постигна дури 24 гола во Серија А.