Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клупските натпреварувања се враќаат на програмата, па така Вардар денеска ќе го почне вториот дел од сезоната, и тоа против Нексе во СЕХА-лигата, но нивниот распоред во следните три недели е пеколен.
„Црвено-црните“ во следните 20 дена ќе играат натпревари на секои два-три дена, што е навистина тежок распоред за новиот тренер Давид Дејвис.
РАСПОРЕДОТ НА ВАРДАР ДО 23 ФЕВРУАРИ:
4 февруари: Вардар – Нексе
6 февруари: Вардар – Пролет
8 февруари: Војводина – Вардар
9/10 февруари: Прилеп – Вардар
12/13 февруари: Вардар – Е. Пелистер 2
16 февруари: Монпелје – Вардар
18 февруари: Нексе – Вардар
20 февруари: Тиквеш – Вардар
23 февруари: ППД Загреб – Вардар
Исто така, Вардар до крај на месецот ќе игра против Струга на 27 февруари, а допрва треба да биде познато што ќе се случува и со одложениот дуел против Металург.
Фото: РК Вардар