Перез заврши со други жени на забава: Јавно ѝ се извини на сопругата, па даде бизарно објаснување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез пред неколку дена потпиша нов договор до 2024 година со екипата, но на приватен план во животот не му оди најдобро.

Мексиканецот јавно ѝ се извини на својата сопруга, откако се појави снимка на која може да се забележи дека транцува со друга жена.

Перез беше на забава по победата на трката за Големата награда на Монако, а очигледно таму премногу се опушти и заборави дека има сопруга.

„Ги видов снимките кои се појавија за мене и ја преземам одговорноста. Тоа беше лоша забава и не можев да се контролирам. Моите блиски луѓе ја знаат мојата вредност. А тие кои сакаат да ме повредат, им посакувам сè најдобро“, напиша Перез.