Саинц најбрз на „Силверстоун“ за прва пол-позиција во кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобро време во квалификациите за Големата награда на Велика Британија имаше 27-годишниот шпански возач Карлос Саинц, кој вози за Ферари.

Во текот на квалификациите на „Силверстон“ имаше дожд, кој направи проблеми за возачите, но Саинц беше најдобар и обезбеди пол-позиција за трката која се вози в недела од 16 часот.

Саинц беше успешен во сите предизвици, па оствари најдобро време и прва пол-позиција во кариерата, а воедно во недела ќе ја брка и првата победа во својата кариера.

Во првиот ред утре друштво ќе му прави актуелниот шампион Макс Ферстапен со неговиот Ред Бул, додека третата позиција му припадна на Шарл Леклер.