Сопругата на Шумахер се расплака: Корина излезе во јавност по обвинувањата дека лаже!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер доби Државна награда за својата хуманитарна работа, а признанието во негово име го подигна сопругата Корина.

Тоа беше прво појавување на Корина во јавноста по обвинувањата од поранешниот агент на Шумахер, Вили Вебер.

Корина за време на церемонијата се расплака, а посебно емотивен момент на доделувањето на наградата беше и присуството на 25-годишнат аќерка на Шумахер, Џина.

Шумахер на 29 декември 2013 година при скијање во Франција падна и ја удри главата во карпа, по што се знаат малку детали за неговата здравствена состојба.

Семејството понекогаш открива некои детали, но сепак здравјето и животот на Шумахер останува мистерија за очите на јавноста.