Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Вардар триумфираа против Партизан со 31-26 во вториот натпревар од СЕХА-лигата.
„Црвено-црните“ имаа голема поддршка во „Јане Сандански“ од Комити, а првото полувреме го добија со 16-14, по што Партизан во вториот дел стигна до израмнување 19-19.
Вардар, сепак, се врати во предност и до крајот на мечот го наполни голот на Партизан за триумф од 31-26.
Дејан Манасков со девет гола беше најдобар стрелец, додека голманот Мартин Томовски запиша 13 одбрани.