Манчестер јунајтед на лето продава шест фудбалери кои ги купи за 240 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерлигашот Манчестер јунајтед планира да се ослободи од дел од своите фудбалери на лето на кои потроши 240 милиони евра.

Англиските медиуми го објавија списокот со фудбалери кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“, затоа што тренерот Ерик Тен Хаг смета дека со нив не може да ја освои титулата.

На листата се наоѓаат Хари Мегваер кој беше платен 87 милиони евра, по што следи Скот Мектомини и Дони Ван Ден Бек кој чини 40 милиони евра.

„Ѓаволите“ му дале дозвола за заминување на Ентони Марсијал кој беше платен 60 милиони евра, а последните двајца на листата за отстрел се Алеш Телеш (15 милиони евра) и Ерик Баи (38 милиони евра).