Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер ги откри плановите на екипата за следната сезона во Формула 1.
Макс Ферстапен е на добар пат да ја освои третата титула по ред во Ф1, а главна тема е тоа кој ќе биде втор возач на тимот.
„Серхио Перез сигурно ќе вози и следната година. Нема дилема. Задоволни сме од него, тој го заслужи неговиот статус во екипата. Секако, секогаш е добро да има возачи во Алфа Таури кои се потенцијални кандидати за Ред Бул“, вели Хорнер.
Сезоната во Ф1 продолжува викендов со Големата награда на Холандија.