Екс-вардарецот Дисингер го избркаа по еден тренинг во Колдинг

Германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер нема да потпише договор со данскиот тим Колдинг, иако имаше такви шпекулации во медиумите во изминатите денови.

Овој 32-годишен лев бек, кој играше за Вардар и ја освои лигата на шампиони во 2019 година, требаше да биде замена за повредените бекови во Колдинг, но тоа нема да се случи.

„Бараме ракометар кој може веднаш да ни помогне, а Дисингер не може тоа да го направи. Треба да бидеме сигурни дека е совршено решение за нас и по разгледување на ситуацијата видовме дека не е така“, кажа спортскиот директор Ларс Кристијансен.

Дисингер, по Вардар, играше и во Динамо Букурешт и Духаил од Катар.