Вардар го доби големото дерби против Пелистер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скопскиот гигант Вардар славеше против македонскиот шампион Пелистер со 30-25 во салата „Јане Сандански“ во ракометната Суперлига.

Пелистер се мачеше од самиот почеток на натпреварот, а првиот гол го постигна по седум ипол минути игра (1-6) од пенал. Вардар направи неколку грешки во финишот од полувремето, кои тимот од Битола ги казни, но голманот Мартин Томовски ја направи разликата и им овозможи на „црвено-црните“ на пауза да заминат со 15-12.

Вардар играше сигурно во вториот дел и поведе со 19-13, но потоа повторно влезе во криза која ја искористија битолчани да намалат на 20-22. Сепак, гостите немаа сила за ништо повеќе од тоа, а „црвено-црните“ ја потврдија победата.

Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ постигнаа по шест гола за Вардар, додека Борзаш погоди шест пати за Пелистер.