„Чкембари“: Ова е дебакл, мизерија и катастрофа, очекуваме промени!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пелистер славеше против Вардар со 29-25, но нема да го преземе првото место во Суперлигата поради поразот од 25-30 во првиот меѓусебен натпревар со скопскиот гигант.

Битолската екипа имаше неколку пати предност и од девет гола, но на крајот не успеа да ја задржа, а тоа ги разочара навивачите.

„Катастрофа, дебакл, мизерија. Веруваме дека оваа сезона не сме го кажале последниот збор. Додека постои и само теоретска шанса ќе веруваме во неа, а шансите не ни се само теоретски туку и реални. Имаме време за да го свртиме моментумот на наша страна. Очекуваме промени“, велат „Чкембари“.